Образование

 

Предучилишно образование [1]

ЈОУД  ДЕТСКА ГРАДИНКА „ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ“ – ВЕВЧАНИ
Адреса Број паралелки Број на ученици од машки род Број на ученици од женски род Вкупен број ученици Јазици на кои се изведува наставата Број на наставен кадар Број на помошен кадар Вкупен број вработени
6335, Вевчани 4 21 29 50 Македонски јазик 6 2 9
Контакт-телефон: 046/522-509

Е-пошта: [email protected]

Веб-страница: /

Предучилишната образовно-воспитна дејност се врши преку установата за предучилишно образование ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани, како и во посебни паралелки за деца од помала возраст. Во населбата Вевчани постои еден објект за предучилишно воспитување на деца. Објектот е релативно нов и граден според важечките педагошки  прописи, со проектиран капацитет за 75 деца. Во објектот има 7 вработени лица.

Во објектот има 4 занимални, соби за одмор, хол, кујна, магацин, трпезарија, котларница, пералница, сушилница и канцеларија.

Во објектот за предучилишно образование се сместени следните групи деца:

– до 2 години;

– од 2 до 6 години;

– од 6 до 10 години.

 

Табела 4: Податоци за училишна зграда

Површина на објектот
Површина на парцелата
Број на деца
м2 изграден простор за дете
м2 вкупен простор за дете
600
2.800
51
8,00
37,33

 

Основно образование [2]

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СТРАШО ПИНЏУР“ – ВЕВЧАНИ

Адреса

Број паралелки

Број на ученици од машки род

Број на ученици од женски род

Вкупен број ученици

Јазици на кои се изведува наставата

Број на наставен кадар

Број на помошен кадар

Вкупен број вработени

6335       Вевчани

18

96

95

191

Македонски јазик

28

2

35

Контакт-телефон: 046/798-279

Е-пошта: [email protected]  

Веб-страница: /

Образовниот процес во Општина Вевчани се одвива во Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“, кое опфаќа  околу 226 ученици и 33 вработени. Има 18 паралелки, во кои се опфатени деца од 6 до 14 години.

Наставата се одвива во нова училишна зграда, која опфаќа површина од 2.483,82 м2. Објектот е изграден од цврст материјал, а во употреба е пуштен на 02.09.2013 година. Целосно е опремен со нов мебел, а компјутерите од проектот „Компјутер за секое дете“ се ставени во употреба во новата училишна зграда.

Површината на училишната спортска сала изнесува 1.300 м2, изградена е во 2015 година и е целосно опремена.

Библиотека „М-р Ристо Попески“[3]

Библиотеката со читалница „Свети Василије“ е формирана на 16 февруари 1935 година, со 345 книги подарок од локалното население. Библиотеката меѓу двете светски војни била место каде што се сретнувале напредните вевчанци и си ги разменувале мислењата. Затоа библиотеката била постојано предмет на опсервација од „будното око“ на власта.

Библиотеката денес го носи името на знаменитиот вевчанец м-р Ристо Попески, научен истражувач кој има донирано 3.200 книги и има посебна заслуга за зголемувањето на книжниот фонд на библиотеката.

Библиотеката низ годините се пренесувала во различни простории, а денес е сместена во својата матична зграда, во Домот на културата во центарот на Вевчани. Сегашниот книжен фонд изнесува околу 16.000 книги. Со донација на Националната библиотека, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во 2010 година книжниот фонд е зголемен за околу 600 книги, меѓу кои и книги на познати светски автори и стручни преводи како дел од владиниот проект „Превод на 100 стручни книги од реномирани светски автори“.

 

[1]Извор: Детска градинка „Планински цвет“ – Вевчани, 2018 г.

[2]Извор: ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

[3] http://vevchani-info.mk