Спорт

Во изминативе неколку години во Вевчани се создадени услови за достигнувања во спортот и рекреацијацијата, со изградбата на спортската сала и тениското игралиште.

Спортската сала се протега на површина од 1.300 м2, има трибини со капацитет од 400 седишта, гардеробери, туш-кабини, санитарни јазли, најсовремена опрема за спортување, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности. Спортската сала овозможува услови за тренирање и одржување на натпревари во спортовите ракомет, фудбал, кошарка, одбојка и други спортови.

Во склоп на Основното училиште и Спортската сала изградено е тениското игралиште кое ги има сите карактеристики потребни за одржување тениски натпревари – осветлување, пристапни патеки, жичена ограда, целосна инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.