На одржаната трета форумска сесија во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани на 12.08.2020 година присуствуваа околу 30 тина учесници. Учесниците на третата сесија презентираа 4 предлог проекти, кои беа утврдени на втората форумска сесија, а опфаќаат теми од областа на социјална и детска заштита, образование, стари лица, животна средина при што беа презентирани проектите за „Aдаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“; „Креирање на стимулативна училишна средина во ООУ ‘Страшо Пинџур’ – Вевчани преку набавка на нагледни средства и опрема“; „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“; „Селектирај и допринеси за заедницата – поставување на канти за отпад“. Предлог проектите беа прифатени од мнозинството од пристутните на проектниот форум и беа изгласани да продолжат во понатамошна фаза.
Проектот „Зајакнување на општинските совети“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
При организирањето на форумската сесија беше спроведуван Протокол на мерки на безбедност за одржување на форумски сесии во услови на ризик од Ковид-19. Согласно протоколот, запазени беа сите здравствени протоколи, односно мерење температура при влез во просторијата, физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција.
Присутните граѓани со своите активности поврзани со форумот ќе овозможат да се имплементира проект поддржан од граѓанскиот сектор во износ до 2,7 милиони денари, односно 50 илјади швајцарски франци.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 27.08.2020 година во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани.