На 27.08.2020 година, во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани, се одржа Четвртата форумска сесија во општина Вевчани, за избор и спроведување на предлог проекти како дел од отворената грантова шема од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведувана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
Граѓаните кои учествуваа на оваа сесија преку транспарентен процес ги избраа следните проекти: Прворангиран е проектот „Aдаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани“, со кој ќе се обезбедат подобри услови за згрижување и престој на децата – најмалите во нашата заедница, а ќе се опреми и простор за работа на логопед, втор избран проект е „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“, со кој ќе се обезбедат подобри услови за најстарите во општината. Треторангиран проект или резервен проект е „Нагледни средства за децата од ООУ „Страшо Пинџур“- Вевчани“ со кој се предвидува да се изврши набавка на нагледни средства, смарт табли, озвучување и друго.
На крајот од форумската сесија грѓаните доставија до Општината и Советот на општина Вевчани препораки од проектниот форум во општина Вевчани, кои произлегоа од жителите на општината коишто учествуваа во работата на форумските сесии, како демократски израз на потребите на жителите од нашата општина.
При организирањето на форумската сесија беше спроведуван Протокол на мерки на безбедност за одржување на форумски сесии во услови на ризик од Ковид-19. Согласно протоколот, запазени беа сите здравствени протоколи, односно мерење температура при влез во просторијата, физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција.
Присутните граѓани со своите активности поврзани со форумот ќе овозможат да се имплементираат проекти поддржани од граѓанскиот сектор во износ од 2,7 милиони денари, односно 50 илјади швајцарски франци.