Ова е совршен период да се замени градот со планина или пак село. Селото Вевчани е ридско село чии куќи се изградени на надморска височина од 820-980м и нуди избор на активности кои можете да ги правите за време на вашиот престој таму. Од посета на археолошки наоѓалишта, религиозни објекти, споменици на културата…па се до вевчанските извори или пак некои спортски активности на отворено.