Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава, да ги наполните своите батерии, да уживате во нестварната убавина, кога ќе сакате да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. Силниот звук на шумење на водата која ве обиколува од сите страни, недопрената чиста и зелена природа, чистиот воздух, вкусната храна, убавите апартмани и етно ресторани ќе ви овозможат да уживате и целосно да се препуштите кон телесна и психичка релаксација.
Дојдете и уживајте!!!
Манастир Св. Спас (Горни)
Манастирот се наоѓа на 1300 метри надморска височина, на планината Јабланица западно од Вевчани. Тој е изграден во карпи што е карактеристика за целиот терен околу него. Источно од него има една голема карпа, надвисната над самиот пат. За овој манастир забележал и Нушиќ во 1892 година. Судејќи според иконите, манастирот може да се датира од втората половина на XIX век. Престолната икона Вознесение Христово е изработена од Крсто Николов од Лазараполе, во декември 1894 година. Иконите на светите апостоли се изработени од Дичо Зограф, без да биде наведена годината. Може да се претпостави дека тоа е 1876 година, кога Дичо ги работел иконите за црквата Св. Никола. Но, најстарата престолна икона е иконата „Св. Никола Чудотворец“, насликана и подарена во 1858 година. Тоа упатува на одредена старост на манастирот, што не мора да значи дека тој пред тоа не постоел. Вевчанци, Св. Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите нарекувајќи го Личник. Од тука вевчанската монета го носи името Личник.
Вевчани – Манастир Св. Спас (Горни), Vevčani – Monastery St. Spas
Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава, да ги наполните своите батерии, да уживате во нестварната убавина, кога ќе сакате да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. Силниот звук на шумење на водата која ве обиколува од сите страни, недопрената чиста и зелена природа, чистиот воздух, вкусната храна, убавите апартмани и етно ресторани ќе ви овозможат да уживате и целосно да се препуштите кон телесна и психичка релаксација. Дојдете и уживајте!!! Манастир Св. Спас (Горни)Манастирот се наоѓа на 1300 метри надморска височина, на планината Јабланица западно од Вевчани. Тој е изграден во карпи што е карактеристика за целиот терен околу него. Источно од него има една голема карпа, надвисната над самиот пат. За овој манастир забележал и Нушиќ во 1892 година. Судејќи според иконите, манастирот може да се датира од втората половина на XIX век. Престолната икона Вознесение Христово е изработена од Крсто Николов од Лазараполе, во декември 1894 година. Иконите на светите апостоли се изработени од Дичо Зограф, без да биде наведена годината. Може да се претпостави дека тоа е 1876 година, кога Дичо ги работел иконите за црквата Св. Никола. Но, најстарата престолна икона е иконата „Св. Никола Чудотворец“, насликана и подарена во 1858 година. Тоа упатува на одредена старост на манастирот, што не мора да значи дека тој пред тоа не постоел. Вевчанци, Св. Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите нарекувајќи го Личник. Од тука вевчанската монета го носи името Личник.
Opublikowany przez Сашо Јанкоски – Градоначалник на Општина Вевчани Piątek, 1 maja 2020