Општинска инфраструктура и планирање

Во овој дел се прикажани податоци за урбанизацијата и видот на урбанистички планови, индустриски зони, состојбата со транспортната инфраструктура, состојбата со техничката инфраструктура во однос на опфатот и квалитетот на електричната мрежа, состојбата со документацијата за просторно планирање во смисла на покриеност и ажурирани планови, телекомуникациите и сл., состојбата со комуналната инфраструктура  и услугите во рамките на надлежностите на локалната самоуправа.

Постојната урбанистичка документација за Општина Вевчани не ги задоволува стандардите, бидејќи е мошне застарена, па поради тоа неопходно е да биде  заменета со нова во насока на подобро планирање на развојот на Општината и максимално искористување на нејзините просторни можности. 

Урбанизација и вид на урбанистички планови

 Изготвувањето на урбанистичките планови има за цел да обезбеди услови за континуиран процес на планско насочување на просторниот развој, преку спроведување на основните поставки и насоки за идната просторна организација, уредување, користење и заштита на просторот, како на населбата Вевчани така и на пошироката околина на целата Општина Вевчани.

Со спроведување на гореспоменатите поставки локалната самоуправа ќе обезбеди уредување и хуманизација на просторот, економски развој, како и заштита и унапредување на животната средина и природата.

Како основни задачи од аспект на урбанистичкото планирање потребно е да се реализираат следните активности:

  • Изработка на урбанистички планови вон од населено место;
  • Изработка на локална урбанистичка планска документација;
  • Изработка на детални урбанистички планови за урбани единици, односно разработка на блокови како помали плански опфати за кои општината нема донесено ДУП-ови (на пример: Центарот на Вевчани е детално разработен како Блок 1 во УПС Вевчани); и
  • Донесување на предлог-одлуки од страна на Советот за изработка на урбанистички планови и нивно приспособување со важечката законска регулатива.
  • Како посебни планови согласно чл. 9, став (3) и став (4) од Законот за просторно и урбанистичко планирање, можат да се донесат и следните планови:
  • Просторен план на Општината; и
  • Просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката (национален парк или друга категорија на заштитено подрачје, акумулација или изворник на вода, подрачје со обемна експлоатација на минерални суровини, инфраструктурни и сообраќајни коридори, енергетски производни објекти и системи, мелиорациони и други системи и други подрачја од значење за Републиката утврдени со Просторниот план на Републиката.

 Графички приказ на Општина Вевчани со постојни и планирани површини за донесување на урбанистички планови

А). УПС ВЕВЧАНИ со разработка на БЛОК 1 – Центар на Вевчани

Нацрт-верзијата на наведениот план е подготвена од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Добиени се соодветните согласности и мислења од надлежни институции. Планот е во постапка, односно во фаза на добивање согласност од страна на Министерството за транспорт и врски.

Б). УРБАНИСТИЧКИ  ПЛАНОВИ  ВОН ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО

Урбанистички план вон од населено место согласно чл. 13 и чл. 13-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање се донесува по потреба за плански опфати кои не се влезени во градежниот опфат согласно генералните урбанистички планови или урбанистичкиот план за село.

Со овој план се уредува намена и начин на користење на просторот, како и услови за градење на комплексни градби вон од населбата и другите населени места.

Бидејќи овие урбанистички планови се изработуваат врз основа на претходно издадени услови за планирање на просторот од страна на Министерството за  животна средина и просторно планирање, нивното донесување ќе биде согласно наведените законски процедури.

Општина Вевчани располага со одредени атрактивни простори кои не се опфатени со ГУП (УПС Вевчани) и кои треба да се усогласат со Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно потребно е да се изврши ревидирање и донесување на ниво на Урбанистички план вон од населено место.

Овие плански зафати се однесуваат на локалитетите:

  1. М. В. Суво Поле

УПВНМ – Индустриска зона, Вкупна површина на опфат 12,08 ха,

КП бр. 2886, 2884, 2885, 2950,2 952, 2967, 2787, 2788/1, 2788/2,7166 и 2784.

Планирана намена на земјиштето: Б1, Г2, Г3, Г4, Д2, Е2.

  1. М. В. Суво Поле, Локација Л1

УПВНМ – Л1, Површина на опфат 2,67 ха,

КП бр. дел од 3091, дел од 3092, дел од 3093, 3094, 3095, 3096, 3097, 3098, 3099, 3100,3102, 3103 и 3104.

Планирана намена на земјиштето: Б1, Б2, Г2, Г3, Г4, Д2, Е2.

3. М. В. Тумба Плешец, Локација Л2

УПВНМ – Л2, Површина на опфат 5,17 ха,

КП бр. 2366, 2367, 2368, 3094.

Планирана намена на земјиштето: Б1, Б2, Г2, Г3, Г4, Д2, Е2.

 4. М. В. Дримски Ливади, Локација Л3

УПВНМ – Л3, Површина на опфат 1,34 ха, КП бр. 2470 и 2473.

Планирана намена на земјиштето: A4, Б1, E2.

 5. М. В. Јанков Камен, Локација Л4

УПВНМ – Л2, Површина на опфат 5,58 ха,

КП бр. 6513, 6522, 6523, 6524, 6525, 6523, 6527, 6528, 6529, 6530 и 6531.

Планирана намена на земјиштето: A4, Б1, Д2, E2.

За урбанизирање на оваа локација, која се наоѓа во рамките на споменикот на природата Вевчански Извори, донесен е План за управување со заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“, по што треба да се отпочне постапка за изработка и донесување на урбанистичка документација.

Месностите  Белибрег, Смолејца и Попадина се влезени во планираното проширување на УПС Вевчани (ГУП) и ќе се разработуваат со детални урбанистички планови по усвојувањето на УПС Вевчани.

 ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Овие планови, според измените за Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година, се предвидуваат за изработка од страна на локалната самоуправа за помали плански опфати, поединечни градежни парцели или неколку катастарски парцели вон од плански опфат претежно во м. в. Суво Поле и м. в. Смолејца.

Се донесуваат во постапка иницирана од локалната самоуправа или по барање на правни и физички лица или домашни и странски инвеститори.

Овие планови ќе се донесуваат во зависност од потребите на Општината и по барање на заинтересирани правни и физички лица.

Планирани површини со Локална урбанистичка планска документација – за урбанизација од страна на Општината за 2019 година се предвидуваат градежните парцели во локалитетите:

  • м. в. Суво Поле (вон од опфат);
  • м. в. Смолејца – Белибрег (вон од опфат);
  • м. в. Јанков Камен (вон од опфат);
  • м. в. Попадина (вон од опфат);
  • м. в. Зодишта (вон од опфат) и сл.

Тие се наведени во Програмата како алтернативни планови на УПВНМ, односно урбанизирање на помали опфати од една, две или неколку катастарски парцели.

Г. ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Според чл. 11, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 51/2005, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 70/13, 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), Детален урбанистички план се донесува за плански опфат за кој претходно е донесен Генерален урбанистички план или Урбанистички план за село.

Општина Вевчани досега нема донесено Детален или Детални урбанистички планови за одредени опфати според ГУП.

Се планира да се донесат следните детални урбанистички планови:

  1. Изработка на детални урбанистички планoви за одредени делови од населбата по блокови согласно намената на земјиштето од УПС Вевчани:
  • Детален урбанистички план за Блок 1. Се разработува во рамките на УПС од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Го опфаќа централниот дел на населбата, односно самиот центар на Вевчани.

  • Детален урбанистички план за Блок 18. Опфаќа неколку катастарски парцели на м. в. Белибрег. Површината на опфатот изнесува околу 6,28 хектари, КП бр. 6292, 6283, 6295 и 7183. Намена на земјиштето: А4, Б1, Д2, Е2.
  • Детален урбанистички план за Блок 16. Опфаќа неколку катастарски парцели на м. в. Смолејца (стар базен). Површината на опфатот изнесува околу 0,71 ха, КП бр. 6220, 6221, 6222, 6223, 6224, 7184, 1, 2 и 3. Намена на земјиштето: А4, Б1, Д2, Е2.

 

 

  • Детален урбанистички план за Блок 2. Опфаќа неколку катастарски парцели на м. в. Попадина. Површината на опфатот изнесува околу 0,92 ха, КП бр. 1402, 1469, 1470, 1471, 1472. Намена на земјиштето: А4, Б1, Д2, Е2.