Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува да учествувате на четвртата сесија од Проектен форум.
Четвртата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во четврток, 27.08.2020 год., со почеток во 14,30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка којашто овозможува учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.
Присутните граѓани на форумот имаа можност да предлагаат, и, на оваа, четврта, сесија – ќе изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).