1.Каде се поднесува барањето за остварување на правото на еднократен паричен надомест за новороденче?
Барањето за остварување на правото еднократен паричен надомест за новороденче се поднесува во архивата на општина Вевчани.
2. Во кој рок се поднесува барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче?
Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче со потребната документација се поднесува до општината, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето.