Градоначалникот Сашо Јанкоски, претседателот на Советот на општина Вевчани Душко Ѓурчески, и Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан денес го потпишаа меморандумот за соработка во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).

Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети согласно очекувањата на граѓаните, а секоја од општините ќе добие грант во висина од 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата.

Покрај обуките за советниците и грантот од 50.000 швајцарски франци, секоја од општините ќе добие и грант во висина од 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

Од 2017 година до сега, вкупно 24 општини се вклучени во програмата. Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

http://opstinskisoveti.mk/mk/over-one-million-swiss-francs-to-strengthen-local-democracy-in-18-municipalities/