Заклучоци од одржан состанок на Кризен штаб во општина Вевчани
by Општина Вевчани | Мар 16, 2020
- Општина Вевчани ќе врши прием на странки од 9 до 12 часот во посебна приемна соба на влезот во општина.
- Градоначалникот на општина Вевчани ги откажува отворените денови за прием на странки во кабинетот, се додека трае ваквата состојба и препораките на Министерството за здравство, да се објават телефонските броеви за контакт.
- Да се објават телефонски броеви за помош на стари изнемоштени лица кои не можат да излегуваат од своите домови.
- Во пазарниот ден четврток, во Вевчани нормално ќе функционира пазарот со препорака да се спречат поголеми собири на граѓаните и истите да не се задржуваат подолго време во пазарот. После пазарот просторот детално да се измие со хидрант.
- Да се зголеми чистењето на јавните површини со хидранти, се до смирување на состојбата со корона вирусот.
- Здравствениот дом во Вевчани да изготви Соопштение каде ќе информира дека се редуцираат на минимум специјалистички прегледи кои биле закажани во овој период и сите други прегледи кои не се итни да се избегнуваат. (истото соопштение ќе биде објавено и на ВЕБ страната на општината и до локалните портали.)
- Сите пациенти кои ќе осетат симптоми на корона вирус (покачена температура, сува кашлица) да се јават во Центар за јавно здравје во Охрид на следниот телефонски број 070/723-029.
- МВР, ПС Велешта ќе ја следат состојбата со ангажирање на патролни служби и ќе има засилени мерки и контроли за сузбивање на поголеми групи по излетнички места и слично, но и ќе ја следат состојбата при влез на возила и граѓани во општината.
- Се задолжуваат сите институции кои спаѓаат под локалната самоуправа да извршат дезинфекција во седиштата на сите институции и училиштата пред почетокот на наставата.
- Се задолжува ООУ Страшо Пинџур – Вевчани да најдат начин за изведување на алтернативна настава преку електронско учење од страна на професорите и учениците.
- Општина Вевчани, заедно со Црвениот Крст, невладини организации (планинарското друштво, КУД Дримкол, подмладоците на политичките партии да обезбеди списоци на доброволци – волонтери и да се формираа тимови за помош на изнемоштени, хронично болни и стари лица заради купување на намирници и лекови.
- Се апелира до автопревозникот Сприја Вевчани, кој врши општински линиски превоз на патници, строго да се придржува кон мерките и да врши редовна дезинфекција на возилата, а патниците да се самозаштитат
- Секој граѓанин на Вевчани да се грижи за своите животни и да ја одржува нивната хигиена.
- Апел да се почитуваат препораките од Министерството за здравство.
- Апел да се избегнуваат собири на граѓани во продавниците, бензинските пумпи, организирање на забави во приватни домови на поголеми групи на млади, како и во излетничките места во општина Вевчани.
- МВР односно ПС Велешта да ги извести и предупреди лицата кои доаѓаат од ризичните земји зафатени од корона вирус, а кои не се придржуваат до препораките на Владата да останат во самоизолација наредните 14 дена.
- Апел до населението разумно да се купуваат прехрамбени продукти во локалните продавници и притоа да ги почитуваат препораките за безбедно растојание