Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски испрати апел до граѓаните на општината а особено до лицата кои се враќаат во Вевчани од ризичните подрачја зафатени со корона вирусот, Веднаш по доаѓањето во Вевчани да ги следат мерките и одлуките на Владата, да останат во своите домови во самоизолација во наредните 14 дена, да користат заштитни маски и ракавици како би ги заштитиле прво своите најблиски, а потоа и останатите жители на Вевчани.
Непочитување на овие мерки ги носи во опасност сите, а казните за истите ќе бидат ригорозни и високи. Иако не треба да има место за паника, превенцијата е секогаш подобра од лечењето. Доколку имате информации за граѓани за кои сте сигурни дека дошле во последниве неколку дена од кризни подрачја а не ги почитуваат препораките за самоизолација, веднаш известете ги надлежните институции кои треба да превземат соодветни мерки.
По донесените насоки на Општинскиот кризен штаб и Општина Вевчани, ЈП Еремја почна да ги спроведува мерките за дезинфекција. Продолжуваме со спроведување на мерките за заштита од корона вирусот.
✔️ Денес после завршување на пазарниот ден, по донесените заклучоци на Општинскиот кризен штаб, Ј.П.Еремја детално го дезинфицира и го исчисти пазарот и центарот на Вевчани.
Апелираме на сите граѓани на Вевчани, да ги следат и применуваат мерките на Министерството за здравство и Владата.
✔️ Останете дома и заштитете се
✔️ Да го чуваме јавното здравје