Општина Вевчани ја известува заинтересираната јавност дека во тек е реализација на потпроектот “Туристички центар Вевчани – еден центар еден туристички производ, финасиски поддржан од Европската унија (ИПА 2) во рамките на Проектот за локална и регионална конкуретност (ПЛРК).
За потребите на реализација на активностите на потпроектот, а со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во модерен туристички центар спроведуваме јавна консултација на документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти, односно по однос на документот Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.
Наведениот документ е достапен на увид во просториите на општина Вевчани, во прилог на оваа објава, како и на следните веб страници: www.lrcp.mk и www.tourismmacedonia.gov.mk.
Јавната консултација по однос на документот за заштита на животната средина и социјалните аспекти на потпроектот трае 14 (четиринаесет) дена од денот на објавата
Забелешките и формуларите по однос на документот можат да се достават во писмена форма или електронска форма на контактите наведени во формуларот за доставување на коментари и сугестии за потпроектот кој е во прилог на оваа објава.
Формулар за доставување на коментари за ПУЖС – Општина Вевчани
Form for submission comments and suggestion