Општина Вевчани ја известува заинтересираната јавност дека во тек е реализација на потпроектот “Туристички центар Вевчани – еден центар еден туристички производ,  финасиски поддржан од Европската унија (ИПА 2) во рамките на Проектот за локална и регионална конкуретност (ПЛРК).

За потребите на реализација на активностите на потпроектот, а со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во модерен туристички центар спроведуваме јавна консултација на документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти, односно по однос на  документот Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“.  Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Наведениот документ е достапен на увид во просториите на општина Вевчани, во прилог на оваа објава, како и на следните веб страници: www.lrcp.mk и  www.tourismmacedonia.gov.mk.

Јавната консултација по однос на документот за заштита на животната средина и социјалните аспекти на потпроектот трае 14 (четиринаесет) дена од денот на објавата

Забелешките и формуларите по однос на документот можат да се достават  во писмена форма или електронска форма на контактите наведени во формуларот за доставување на коментари и сугестии за потпроектот кој е во прилог на оваа објава.

ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ПУЖС

Формулар за доставување на коментари за ПУЖС – Општина Вевчани

ESMP CHECKLIST VEVCHAN

Form for submission comments and suggestion

PLAN PER MENAXHIM ME ASPEKTET SOCIALE TE AMBIENTIT JETESOR

Formular per paraqitjedorëzim të komenteve dhe sugjerimeve