Општинскиот Кризен Штаб – Вевчани ги известува жителите на општина Вевчани, дека на територија на општината за време на викендот и Велигденските празници, барање за дозвола за работа преку онлајн и телефонски нарачки, поднесоа и добија следните трговски друштва:

“СИОН 2013” Дооел – Вевчани,
☎️070 232 237

“АКИ и САКИ” Дооел – Вевчани,
☎️075 240 335
☎️046 798 406

Дежурни аптеки на територијата на општина Вевчани се:

⚕️“БЕЛАДОНА”– Вевчани
☎️070 362 210

⚕️“ВИА ФАРМ” – Вевчани
☎️070 883 237
☎️046 798 390

🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности по претходно пријавување до Општинскиот Кризен Штаб во Вевчани еден ден однапред најдоцна до 20 часот каде ќе бидат евидентирани, а подоцна списокот ќе биде доставен до МВР. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.
Пријавувањето ќе се врши телефонски или со испраќање порака на следниот број ☎️070 302 491.

🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.

👉Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.