Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, денес упати честитка до сите православни верници кои денес го слават најголемиот Христијански празник Велигден во кој им посака мир, верба, надеж, заедништво…

Тој во својата Велигденска честитка напиша:

“На сите православни верници во име на општина Вевчани и лично од срце, ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден. Во духот на најголемиот христијански празник каде животот ја победи смртта и кој не охрабрува пред сите животни предизвици, ви посакувам Вам и на Вашите фамилии празникот да го поминете во мир, здравје,среќа, а радоста да ја поделите со своите најблиски, со сите луѓе со добра воља, со надеж во подобро утре.

Нека овој Велигден ви поттикне нова верба, а велигденската порака нека ве потсети дека најважно е да правите добри дела исполнети со љубов, доброта, при тоа на себе носејќи го сопствениот крст и јавната одговорност”.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!