Денес градоначалникот на општина Вевчани беше на увид во изградбата на улицата “Алулој – Гогој”. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку “Агенцијата за подршка на земјоделието и рурарниот развој”. При увидот на лице место градоначалникот Сашо Јанкоски изјави: “До крајот на мојот мандат во Вевчани нема да постои уличка со кал”.