Денес во просториите на општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски изврши прием на полуматурантите, со цел одбележување на овој значаен момент за нив, кој го одбележа со мал симболичен поклон за нив. Градоначалникот им ја честита полуматурата во согласност со препорачаните мерки и услови кои ги наметна новонастанатана состојба со вирусот Ковид19:
Драги полуматуранти,
Од името на Општина Вевчани како и од мое лично име,
Ви посакувам успешно завршување на вашето основно образование, кое е само едно скалило во понатамошното ваше образование. ✅
Ви посакувам голем успех во понатамошното ваше школување и запишување во средно училиште. 🧑🏻🎓
Ситуацијата која не снајде, ви ја расипа вечерашната заедничка полуматурантска забава. Но тоа, треба да ве охрабри да ги почитувате мерките и препораките, за во текот на летото, кога ќе го победиме вирусот да прославите како што доликува.
Да ми сте живи и здрави