Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум.

Втората сесија од Проектниот форум ќе се одржи во петок, 07.08.2020 год., со почеток во 14:30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Забелешка: Во услови на ризик од Ковид-19 пандемијата, организаторите ќе превземат мерки за заштита за време на форумската сесија, но апелираме и до учесниците:

  • Да одржуваат безбедна дистанца;
  • Да носат заштитна маска цело време (покриени се носот и устата);
  • Да не учествуваат на сесијата доколку имаат висока температура или други симптоми карактеристични за Ковид-19.

„ЗАШТИТИ СЕ! – ДИСТАНЦА, МАСКА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА. ЗА ЗДРАВЈЕТО СЕ РАБОТИ“