Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/2002) и Решение на градоначалникот за објавување на оглас за избор на директор на ЈП ‘‘Еремја‘‘ Вевчани бр.09-751/1 од 24.09.2020 година, Градоначалникот на општина Вевчани  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на директор на ЈП‘‘Еремја‘‘ Вевчани  – Јавен оглас 03-751-2-2020 

Кандидатот за директор покрај општите услови предвидени со Законот потребно е да ги исполнува и следните услови:

– високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1степен образование

-да има минимум 5 години работно искуство

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност

-да е државјанин на Република Северна Македонија

-поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 години и тоа:ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT)-најмалку 74 бода, ИЕЛТС(ILEC Cambridge English: legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English First) – положен, БУЛАТС (BULATS)-најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)- најмалку ниво Б2 (B2)

Кандидатите за директор треба да ги приложат следните документи:

-Пријава по оглас со кратка биографија (CV) и мотивационо писмо

-Програма за работа на директорот на претпријатието од 2020 година до 2024 година

-Диплома/Уверение за завршено високо образование

-Доказ дека против кандидатот не е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност

-Потврда за работно искуство

-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија

-Доказ дека кандидатот има општа здравствена состојба (лекарско уверение)-

по изборот ќе го достави само избраниот кандидат.

Рок за доставување на документите е 15 дена и започнува да тече наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

Потребните документи: во оргинал или заверени копии на Нотар се доставуваат до Општина Вевчани со назнака ‘‘Комисија за разгледување на документите по јавен оглас за избор за директор на претпријатието‘‘.

Некомплетните и ненавремените документи ќе бидат отфрлени и Комисијата нема да ги разгледува. Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се изврши интервју, а за место и време ќе бидат дополнително известени.

Комплетните пријави Комисијата ги доставува во рок од 8 дена до градоначалникот на општина Вевчани на адреса: Општина Вевчани, 6335 Вевчани.

Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена.

Основната  месечна плата изнесува 25.000,00 денари.

Работно време е 5 работни дена  со 40 работни часови во неделата со дневно работно време:07:30 до 15:30 часот.

Контакт лице по јавниот повик : Љиљана Баткоска, советник за нормативно правни работи и човечки ресурси.

Општина Вевчани

Градоначалник

Сашо Јанкоски