По повод одбележувањето на Детската недела, градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, симболично донираше дидактички материјал, играчки и мини реквизити за ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани. Општина Вевчани продолжува со грижата за најмалите и ги подобрува условите за престој на децата кои се згрижени во детската градинка.
Во насока на обезбедување подобри услови за престој на децата во детската градинка, по потпишувањето на договорот помеѓу УНДП и Општина Вевчани на 17.09.2020 година, општината ги прави последните подготовки за распишување на јавна набавка за реализирање на подпроектот „ Адаптација и пренамена на просториите на објектот детска градинка ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани“ кој заедно со подпроектот за „Реновирање на Дневниот центар за стари лица и пензионери“ се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети„ спроведуван од Програмата за развоја на обединетите нации – UNDP, а финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, во вкупна вредност од 2.700.000,00 денари. Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ обезбедени се средства во висина од 62.000 CHF од кои 50.000 CHF за реализација на проекти избрани преку успешно спроведените Форуми во заедницата на кои се избраа погоренаведените проекти и 12.000 CHF за подобрување на транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот на општина Вевчани, со кои средства ќе биде набавена аудио и видео опрема за пренос на седниците на советот во живо.
Во исто време дел од членовите на Советот на општина Вевчани активно придонесуваат во реализацијата на овој проект со нивното учество на обуките за советници кои се задолжителен дел од проектот и заедно со општина Вевчани овозможуваат успешно да се реализира проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој опфаќа три компоненти: 1.Имплементација на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници (транспарентност и отчетност) 2. Имплементација на проектот преку финансиска поддршка за приоритетните активности на општините селектирани врз основа на јавни консултации (форуми во заедницата) 3. Имплементација на активности за вмрежување на општинските советници (обуки за советниците).