Започнува со реализација проект кој е инспириран од живите ритуали и човекот и значењето на човекот кој секако се наоѓа во центарот на овие ритуали.
Кога нè поканија како организација да бидеме дел од овој проект веднаш помисливме на богатството на Вевчанскиот карневал, а секако и на вевчанската култура (како значаен сегмент во негување на македонската митологија). За таа цел одлучивме подготовките на проектот, а секако во иднина и дел од проекто, да се случува во Вевчани и со вевчанци.
Проектот Wilder Mann- Сликата на дивиот човек, предвидува рефлексија на употребата на маските во ритуалите.
Крајниот продукт- претставата се очекува да се развие низ истражувања и соработка со оние кои денес се дел од овие ритуали и ја одржуваат во живот колективната меморија на својот народ. Тие самите ќе бидат актерите во претставата.
За таа цел, драги наши, ве известуваме дека на 23 и 24 јули во Вевчани ќе се спроведуваат интервјуа со заинтересираните. Единствен услов е да носите некоја од традиционалните маски (да сте биле дел од карневалските случувања) и да имате повеќе од 18 години.
Интервјуата ќе ги спроведе режисерот на претставата, Марко Мартинс, а ќе биде присутен и продуцентот Ренцо Барсоти.
Заинтересираните можат да се пријават на [email protected] со испраќање име, презиме и телефонски број.
Со почит,
Тимот на Артопија
,,Современиот свет станува отровен. Глобална мрежа. Се чувствувам сиот врмежен и изоиран, истовремено дисконектиран и премногу конектиран. Се чувствувам како да живеам во фабрика, и вистински и виртуелно- за храна, санитарна, морална и филозовска.Има толку да се прочита, а премногу од тоа е глупаво и лажно. Веќе не знам дали јас сум тој што конзумира или јас сум тој што е конзумиран.(…)Веќе е тешко да се движиме и за брзо ќе се бориме за воздух. Се губиме самите и ги губиме другите. Се чини дека не добиваме ништо во замена на она што го губиме.̋
Wilder Mann- Charles Fréger