Советниците на општина Вевчани на денешната дваесет и осма седница, ги усвоија следните предлог одлуки: Предлог — Одлука за усвојување на Годишен финансиски Извештај за 2020 година на општина Вевчани, Предлог — Одлука за усвојување на завршна сметка на буџет на општина Вевчани за 2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишна завршна сметка на ЈОУДДГ “Планински Цвет” – Вевчани за 2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишен финансиски план на ЈП “Еремја” – Вевчани за 2021 година, Предлог — Одлука за давање согласност за усвојување на тримесечниот финансиски извештај на јавното претпријатие ”Еремја” – Вевчани за период од 01.10.2020 година до 31.12.2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај за 2020 година на ЈП “Еремја” – Вевчани и Предлог — Одлуката за усвојување на Годишна завршната сметка на ЈП “Еремја” Вевчани за 2020 година.