Денес во просториите на Општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски оствари работна средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich–Ebert-Stiftung) за Македонија, г- ѓа Ева Елерајт и Ивана Вучкова Координатор на програмата. На средбата градоначалникот ја презентира визијата за модерна Општина Вевчани, при тоа ставајќи акцента на заштитеното подрачје “Вевчански извори”, заштита на животната средина и одржливи проекти. Од страна на Директорката на фондацијата беше ветена сесрдна помош во проектите и позасилена соработка помеѓу Општина Вевчани и фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung во имплементација на нови Европски проекти.