Според истражувањата на Center for Research and Policy Making за родовата анализа спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, Општина Вевчани е лидер во родовата еднаквост во Југозападниот регион.
Општина Вевчани има постигнато најприближен родов баланс во позициите на донесувачи на одлуки, од вкупно 17 анализирани општини. Ова преставува уште еден доказ дека општина Вевчани станува модерна, родово еднаква, отчетна општина.