Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 15.07.2021 год. (четврток), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 04.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: зелените површини во Општината, пречистителниот каскаден таложник на канализационен систем, крајбрежјето на вештачкото езеро „Јанков Камен”, околината на Вевчанските извори, урбаната населба Вевчани како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.