Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,149/2014 и 15/2015), а врз основа на одлуката на Советот на општината за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Вевчани како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 29.07.2019 година ( понеделник ), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 04:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: зелените површини во Општината, пречистителниот каскаден таложник на канализационен систем, крајбрежјето на вештачкото езеро „Јанков камен“, околината на Вевчанските извори, урбаната населба Вевчани, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид е 231-881 и 230-231.

Со почит,

ЈЗУ Центарот за јавно здравје Охрид