Градежната офанзива за изградба и модернизација на општина Вевчани незапирливо продолжува. Во текот на вчерашниот ден се започна со реализација на проектот за изградба на повеќе локални улици и пешачки патеки низ Вевчани. Со тоа ја продолжуваме кампањата која ви ја ветивме “Вевчани без кал”. Средствата за изградба на овој проект се во вредност од 3 600 000 денари, а истите се обезбедени преку Центарот за развој на југозападниот плански регион. Во моментов се отпочна со изградба на пешачката патека „Наној – Бебекој“ која ќе биде од камени плочи.