Во текот на вчерашниот ден во присуство на градоначалникот Сашо Јанкоски започна изградбата на паркот пред општинската зграда. Овој руиниран простор беше не само многу грда слика во самиот центар на Вевчани, туку и голема опасност за жителите . Со изградбата на новиот модерен парк како и реконструкцијата на зградата на старото основно училиште во модерен туристички центар, центарот на Вевчани конечно ќе добие нов и модерен лик. За овој многу значаен проект за Вевчани, преку Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3 500 000 денари, а остатокот од околу 900 000 денари се сопствени средства на општина Вевчани. Градежната офанзива во Вевчани која ја најавуваше градоначалникот Јанкоски веќе е видлива на секој чекор. Вевчани во моментов е претворено во едно големо градилиште!