Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и градоначалникот г-дин Сашо Јанкоски остварија работна средба во Општина Вевчани, на која од страна на градоначалникот беше информиран за многубројните проекти кои се во фаза на реализација како и за идните проекти што треба да се реализираат.
Работната средба продолжи во проширен состав на која разговаравме за сегашната и подобрување на идната соработка на полицијата со локалните власти, за можностите за нејзино унапредување, особено низ многу превентивни форми на активности што ни стојат на располагање.
Министерот Спасовски констатира дека Општина Вевчани е на вистинскиот пат и изрази подготвеност за зголемување на соработката на неговото ресорно министерство како и на Владата со општината.