Предлог буџетот на општина Вевчани за 2020

Предлог Буџетот на Општина Вевчани за 2020 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2020 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2020 година.

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Општиот дел на Буџетот ги содржи вкупните приходи и други приливи и вкупните расходи и други одливи во текот на фискалната година, како и глобалната проекција на приходи, приливи, расходите и одливите за 2020 години.

Посебниот дел на Буџетот содржи план на одобрени средства на буџетски корисници по програми, потпрограми и ставки за фискалната година.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на e-mail адресата [email protected]

Предлог Буџет 2020

 

 

Советот на Општина Вевчани денеска го усвои Планот за управување со Вевчанските извори

Советот на Општина Вевчани денеска го усвои Планот за управување со Вевчанските извори, со што и формално овој споменик на природата заштитен со закон по цели дваесет години е вратен во владение на општината. На седницата заедно со градоначалникот Сашо Јанкоски присуствуваа ресорниот Министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, евроамбасадорот Самуил Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан.

Вевчанските извори во 1999 година со одлука на тогашниот состав на Советот на Општината Вевчани беа прогласени за природна реткост со особена важност и споменик на природата,, а од 2012 година со него управуваше државата.

– Во рамки на Општината ќе формираме посебно одделние со ренџерска служба задолжена за грижа за природната реткост. Ќе биде ангажиран и шумарски инжинер што ќе ја мониторира состојбата со биодивертзитетот, како и советник за еко и рурален туризам. – истакна градоначалникот Сашо Јанкоски.

Амбасадорот на ЕУ Самуил Жбогар истакна дека ваквите примери како вевчанскиот покажуваат како една мала заедница може да биде лидер и да демонстрира како да се живее во хармонија со природата. Тој упати благодарност на Општината, невладините организации „Еко свест“ и Црни камен“, Канцеларијата на УНДП во земјата и ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање за нивната помош во реализирањето на целокупниот проект.

– Оваа одлука соодветствува со нашата кампањата на ЕУ „Чисто како дома исто“, преку која предвидуваме финансиска поддршка за инвестиции во заштита на животната средина. – рече Жбогар.

Нарине Сахакјан, Амбасадорот на УНДП, истакна дека Македонија како регион е жариште на биодиверзитетот и природната разновидност на Балканот, но потребно е да се работи на поголема грижа и заштита на природните убавини што ги поседува.

– Во државата постојат 86 подрачја прогласени за природни реткости и се под посебна заштита, но тоа не е доволно оттаму што дури и заштитените региони се под силен анторпоген атак преку човековите активности. Постои погрешна претстава кај луѓето дека менаџирањето со заштитените подрачја бара дополнителни трошоци. Затоа сме тука, преку заедничките проекти со Министерството за животна средина финансирани од ЕУ, да демонстрираме дека заштитата на животната средина има потенцијал да донесе и економска добивка. – рече Сахакјан.

Амбасадорот на УНДП додаде дека Општина Вевчани е пионер во тие активности, а според начинот на кој администрацијата ги спроведува сите планови за развој и заштита на природните реткости, може да послужи и како модел за успешно менаџирање за другите средини.

– Веќе се спроведени неколку активности и иницијативи, така што верувам дека заштитеното подрачје Вевчански извори во иднина ќе биде прогласено и за национален парк. – рече Сакахјан.

Министерот за животна средина Нуредини истакна  е важно сите чинители да контрибуираат во напорите за зачувување на животната средина за нас и за идните генерации.

Извор: OhridNews

Одржана приредба по повод приемот на нови првачиња во ООУ “Страшо Пинџур” – Вевчани

Денес градоначалникот Јанкоски присуствувавше на одлично организираната приредба по повод приемот на нови првачиња во ООУ “Страшо Пинџур” – Вевчани. Од страна на општина Вевчани традиционално во рамките на нашите можности беа доделени подароци во вид на школски прибор на новите првачиња.

Од име на општина Вевчани како и од мое лично име на новите првачиња им посакувам успех во школувањето, а на наставниците успешна работа- изјави градоначалникот Јанкоски по повод денешниот настан

СООПШТЕНИЕ: За доделување на дрвената меѓукатна конструкција

Се известуваат заинтересираните граѓани на Вевчани дека за доделување на дрвената меѓукатна конструкција заедно со подовите, плафоните, кровната конструкција, гредите, летвите и керамидите, демонтираните прозори и врати од реконструкцијата, адаптацијата и пренамена на објектот стара училишна зграда во Туристички центар – Вевчани, на жителите на општина Вевчани без финансиски надомест, потребно е да поднесат барање. Барањето со приложување на лична карта на увид, може да го поднесат во просториите на општина Вевчани.

Нова PVC дограма за општинската зграда во Вевчани

Денес во просториите на Општина Вевчани беше склучен договорот за замена на старата и дотраена дограма, со нова PVC дограма помеѓу Директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозанкоска и изведувачот фирмата “Дрво пром” – Кочани Овој проект ќе допринесе за зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа и намалување и заштеда на средствата за греење на општинската зграда. Средствата за овој проект се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, и ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам.
Замената на дограмата ќе отпочне во почетокот на месец септември.
ВЕТУВАЊА СЕ ВЕТУВАЊА!
ЗБОРОТ Е ЗБОР!
ЗБОРОТ СЕ УШТЕ ВАЖИ!
ПРОДОЛЖУВАМЕ