Свечено откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски
Денес се одржа свечениот настан на кој беше откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски, во центарот на општина Вевчани.
Она што не обединува и не поттикнува е фактот дека Вевчани, Република Северна Македонија и Идвор – Ковачица, Република Србија имаат воспоставено драгоцена и за почит соработка, која не повикува и во иднина да ја негуваме и надградуваме, а се темели врз научното и хумано дело и споменот на светскиот научник, Михајло Пупин – Идворски.
На настанот присуствува проф. др. Павле Митрески, гости од неговиот роден Идвор и Ковачица, претставници од фондацијата “Младен Селак”, како и г-динот Слободан Симиќ од Белград.
Дислоциран киоскот од центарот на Вевчани
Денес конечно е дислоциран објектот кој итоа како сметаше не само на сообраќајот туку и на целокупниот живот на центарот.
Ви ветивме дека овој објект ќе го отстраниме од центарот и ветувањето е исполнето!
Зборот е збор!
Истиот објект ќе биде ребрендиран и ќе служи како инфо центар!
Градоначалникот Јанкоски со честитка по повод Курбан Бајрам
Во мое име и во име на општина Вевчани, Ви го честитам Курбан Бајрам и Ви пожелувам добро здравје, многу радост и благосостојба.
Потпишан договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците на Југозападниот плански регион денеска во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година.
Со овој договор, како што истакна ресорниот министер, ќе се утврдат активностите на центарот и ќе финансираат активности од 1,2 милиони денари за реализација на планскиот регион. Дел од финансирањето е на Министерството за локална самоуправа, а дел на општините. Центарот за развој на Југозападниот плански регион, додаде, има обврска да ги подготви проектите со кои регионот ќе може да аплицира за наредната буџетска година.
Во рамки на обраќањето пред градоначалниците, Милевски ги информираше дека Владата, годинава двојно ги зголемила средствата за поддршка на регионалниот развој од 2017 година.
-Владата ги зголеми средствата за поддршка на регионалниот разовј од 3,5 милиони евра во 2017 година на седум милиони. Од тие средства за Југозападниот плански регион се оддеелија 53 милиони денари за финасирање 10 проекти од кои по три се за развој на регионот и на подрачја со специфични развојни потреби и четири за развој на селата, појасни Милевски.
Пред 10-тина дена, подвлече, почнале со палнирање на новиот циклус за проширување на децентрализацијата.
-Проширувањето на децентрализацијата ќе се одвива во три дела со давање на ингеренциите од централната власт на локалната. Децентралзиацијата ги опфаќа Законот за рамномерен регионален развој, фискалната децентрализација и какви измени би можеле да се нарават при делувањето на локалната самопурава и градоначалниците, додаде Милевски.
Градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот плански регион Рамиз Мерко забележа дека со Законот за рамномерен регионален развој треба повеќе средства да се издвојуваат за општините.