by stojan | Мар 19, 2020
Денес градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, беше на увид на започнувањето на уште еден многу значаен проект за општина Вевчани кој беше и приоритетен проект од неговата предизборна програма.
Реализацијата на овој проект опфаќа изградба на пат кој е значаен не само за жителите на општина Вевчани, туку и за околните населби. Во текот на денешниот ден се одпочна со пробивање и проширување на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ, или фабрика Вевчанка – Здравствен Дом др Светозар Чочороски – Вевчани. Инвеститор на истиот е ЈП за државни патишта. Со изградбата на овој пат се очекува да се растерети сообраќајот низ општина Вевчани и да се овозможи побрз пристап до услугите на здравствениот дом во Вевчани.
Градежната офанзива во Вевчани продолжува!
by stojan | Мар 15, 2020
Почитувани граѓани на општина Вевчани!
🚨Заради новонастанатата состојба во Државата и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Вевчани формира мобилен тим 🚗 за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината, се со цел да не остваруваат непосреден контакт со останатите луѓе и да не се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid 19 (Корона вирус).
📳 Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира и да побара помош со повик на следните телефонски броеви:
☎️ 070-302-491
☎️ 046-784-640
По повикот , во вашиот дом доаѓа мобилниот тим 🚗 од општина Вевчани и ќе ја прими вашата нарачка со потребните неопходни средства за купување и за кратко време ќе бидете услужени, а самите граѓани ќе си ги покријат трошоците за продуктите, а услугата на мобилниот тим не се наплаќа.
🙏Ги замолувам сите граѓани на општина Вевчани , да помогнат и да ја споделат оваа информација на оваа група на граѓани.
#МОБИЛЕНТИМ
#ОпштинаВевчани
#Вевчани

by stojan | Мар 12, 2020
Денес во работна посета на градежната офанзива на територијата на општина Вевчани беа Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов при што извршија увид на рехабилитациите на патиштата што се работат во овој крај. Меѓу нив и регионалниот пат од Вевчани преку Октиси што се поврзува со граничниот премин Ќафасан, инвестиција од околу 700 илјади евра.
Со новите средства алоцирани од Владата, односно Министерството за транспорт и врски, продолжуваме со градење на уште многу патишта за доброто на сите вевчанци!
by stojan | Мар 5, 2020
Денес во просториите на Младински центар – Вевчани се одржа првиот проектен форум на општина Вевчани. На форумската сесија беа предложени проблеми и решенија од повеќе области – образование, детска заштита и згрижување, социјални политики, животна средина, НВО, земјоделство и др. од кои произлегоа околу 10 проектни идеи, кои ќе се работат на следните форумски сесии.
На првата форумска сесија учествуваа околу 30-тина учесници а присуствуваа и Градоначалникот на општина Вевчани г-дин Сашо Јанкоски, Претседателот на Советот на општина Вевчани г-дин Душко Ѓурчески и проектениот менаџер од УНДП г-ѓа Лејла Небиу кои се обратија до присутните и го поздравија спроведувањето на проектот во општина Вевчани.
Одржувањето на форумските сесии во Општина Вевчани, заедно со обуките за советниците се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“. Целокупниот проект изнесува 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
По успешното спроведување на проектот, завршувањето на обуките од страна на советниците и завршувањето на форумските сесии, годинава општина Вевчани ќе добие два гранта – 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку форумски сесии и 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината и работата на Советот.
Целта на форумот кој се одржа на тема Социјална инклузија, е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти и истиот има за цел да го подобри животот во заедницата, преку взаемна соработка на општината и граѓаните.