НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДВОРОТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА “ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ” – ВЕВЧАНИ

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денес беше во увид на одпочниување на работите за изградба на новото детско игралиште во детската градинка “Планински Цвет” – Вевчани. Ова е прва ваква  интервенција за изградба на ново игралиште и набавка на  реквизитите од самата изградба на детската градинка во седумдесетите години на минатиот век. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Швајцарската агенција за развој SDC, а менаџирани од страна на УНДП и општина Вевчани.

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ

Денес во просториите на Општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски оствари работна средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт (FriedrichEbert-Stiftung) за Македонија, г- ѓа Ева Елерајт и Ивана Вучкова Координатор на програмата. На средбата градоначалникот ја презентира визијата за модерна Општина Вевчани, при тоа ставајќи акцента на заштитеното подрачје “Вевчански извори”, заштита на животната средина и одржливи проекти. Од страна на Директорката на фондацијата беше ветена сесрдна помош во проектите и позасилена соработка помеѓу Општина Вевчани и фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung во имплементација на нови Европски проекти.

Градоначалникот Јанкоски во увид на работите во детска градинка “Планински Цвет” – Вевчани

Денес градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, беше на увид на работите во детската градинка “Планински Цвет” – Вевчани. Разботите се изведуваат по предвидената динамика и за кратко време детската градинка ќе добие нов модерен ентериер. Средствата за овој проект се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој SDC, а е спроведуван од УНДП и Општина Вевчани.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ЈАНКОСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА “ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ” – ВЕВЧАНИ

Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, денеска направи увид на градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани. Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема.Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведуван од Општина Вевчани.

Вредноста на проектот е 2 милиони и 450 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „ТАНЕ 2007 “ од Охрид која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Вевчани.

НОВА АУДИО И ВИДЕО ОПРЕМА ВО САЛАТА НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

Денес  во Салата на Советот на општина Вевчани започнавме со поставување на видео и аудио опремата. После вградувањето на оваа опрема и завршување на овој проект, седниците на Советот ќе се емитуваат во живо. Планирано е поставување на HD камери, микрофони и озвучување, како и миксети за емитување седниците на Советот во живо. Средствата за набавка на видео и аудио опремата се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на советите” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведен од Општина Вевчани. Општина Вевчани полека но сигурно станува модерна, отчетна општина.

ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ЗА 2021

Денес 22.12.2020 година  на Советот на Општина Вевчани  на последната седница предвидена за оваа година ја одржа дваесет и седмата седница по ред, на која беше донесен буџетот за 2021 година.

На седницата освен Буџетот за 2021 година, усвоени беа и предлог – програмите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2021 година.

И со овој буџет предвидена е изградба и рекнструкција на повеќе улици низ Вевчани, реконструкција на детската градинка, како и изградба на нови канализациони линии.

Линк: Службен гласник број 14-20