Јанкоски:”До крајот на мојот мандат во Вевчани нема да постои уличка со кал”
Денес градоначалникот на општина Вевчани беше на увид во изградбата на улицата “Алулој – Гогој”. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку “Агенцијата за подршка на земјоделието и рурарниот развој”. При увидот на лице место градоначалникот Сашо Јанкоски изјави: “До крајот на мојот мандат во Вевчани нема да постои уличка со кал”.
Честитка на градоначалникот Сашо Јанкоски по повод Велигден
Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, денес упати честитка до сите православни верници кои денес го слават најголемиот Христијански празник Велигден во кој им посака мир, верба, надеж, заедништво…
Тој во својата Велигденска честитка напиша:
“На сите православни верници во име на општина Вевчани и лично од срце, ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден. Во духот на најголемиот христијански празник каде животот ја победи смртта и кој не охрабрува пред сите животни предизвици, ви посакувам Вам и на Вашите фамилии празникот да го поминете во мир, здравје,среќа, а радоста да ја поделите со своите најблиски, со сите луѓе со добра воља, со надеж во подобро утре.
Нека овој Велигден ви поттикне нова верба, а велигденската порака нека ве потсети дека најважно е да правите добри дела исполнети со љубов, доброта, при тоа на себе носејќи го сопствениот крст и јавната одговорност”.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
📣📣📣 ИЗВЕСТУВАЊЕ 📣📣📣
Општинскиот Кризен Штаб – Вевчани ги известува жителите на општина Вевчани, дека на територија на општината за време на викендот и Велигденските празници, барање за дозвола за работа преку онлајн и телефонски нарачки, поднесоа и добија следните трговски друштва:
“СИОН 2013” Дооел – Вевчани,
☎️070 232 237
“АКИ и САКИ” Дооел – Вевчани,
☎️075 240 335
☎️046 798 406
Дежурни аптеки на територијата на општина Вевчани се:
⚕️“БЕЛАДОНА”– Вевчани
☎️070 362 210
⚕️“ВИА ФАРМ” – Вевчани
☎️070 883 237
☎️046 798 390
🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности по претходно пријавување до Општинскиот Кризен Штаб во Вевчани еден ден однапред најдоцна до 20 часот каде ќе бидат евидентирани, а подоцна списокот ќе биде доставен до МВР. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.
Пријавувањето ќе се врши телефонски или со испраќање порака на следниот број ☎️070 302 491.
🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.
👉Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.
ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
👉 “СИОН 2013” – Вевчани е дежурен маркет кој викендов ќе работи online на територијата на општина Вевчани.
☎️: 070 232 237
👉 ⚕️“ВИА ФАРМ” – Вевчани е дежурна аптека која ќе работи во време на викендот на територијата на општина Вевчани.
Работно време:
Понеделник – Петок од 08:00 часот до 19:00 часот
Сабота и Недела 08:00 часот до 20:00 часот
☎️: 070 883 237
☎️: 046 798 390
👉 Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
👉 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.
👉 Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.
ПРОДОЛЖУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА ВЕВЧАНИ.
Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Вевчани, екипите на ЈП „Еремја“ – Вевчани продолжуваат со интензивни активности за дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на Општина Вевчани.
Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во наредниод период се до конечно справување со Ковид 19 вирусот.