Одржана приредба по повод приемот на нови првачиња во ООУ “Страшо Пинџур” – Вевчани

Денес градоначалникот Јанкоски присуствувавше на одлично организираната приредба по повод приемот на нови првачиња во ООУ “Страшо Пинџур” – Вевчани. Од страна на општина Вевчани традиционално во рамките на нашите можности беа доделени подароци во вид на школски прибор на новите првачиња.

Од име на општина Вевчани како и од мое лично име на новите првачиња им посакувам успех во школувањето, а на наставниците успешна работа- изјави градоначалникот Јанкоски по повод денешниот настан

СООПШТЕНИЕ: За доделување на дрвената меѓукатна конструкција

Се известуваат заинтересираните граѓани на Вевчани дека за доделување на дрвената меѓукатна конструкција заедно со подовите, плафоните, кровната конструкција, гредите, летвите и керамидите, демонтираните прозори и врати од реконструкцијата, адаптацијата и пренамена на објектот стара училишна зграда во Туристички центар – Вевчани, на жителите на општина Вевчани без финансиски надомест, потребно е да поднесат барање. Барањето со приложување на лична карта на увид, може да го поднесат во просториите на општина Вевчани.

Свечено откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски

Денес се одржа свечениот настан на кој беше откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски, во центарот на општина Вевчани.
Она што не обединува и не поттикнува е фактот дека Вевчани, Република Северна Македонија и Идвор – Ковачица, Република Србија имаат воспоставено драгоцена и за почит соработка, која не повикува и во иднина да ја негуваме и надградуваме, а се темели врз научното и хумано дело и споменот на светскиот научник, Михајло Пупин – Идворски.
На настанот присуствува проф. др. Павле Митрески, гости од неговиот роден Идвор и Ковачица, претставници од фондацијата “Младен Селак”, како и г-динот Слободан Симиќ од Белград.

Дислоциран киоскот од центарот на Вевчани

Денес конечно е дислоциран објектот кој итоа како сметаше не само на сообраќајот туку и на целокупниот живот на центарот.
Ви ветивме дека овој објект ќе го отстраниме од центарот и ветувањето е исполнето!
Зборот е збор!
Истиот објект ќе биде ребрендиран и ќе служи како инфо центар!