Денес градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, беше на увид на започнувањето на уште еден многу значаен проект за општина Вевчани кој беше и приоритетен проект од неговата предизборна програма.

Реализацијата на овој проект опфаќа изградба на пат кој е значаен не само за жителите на општина Вевчани, туку и за околните населби. Во текот на денешниот ден се одпочна со пробивање и проширување на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ, или фабрика Вевчанка – Здравствен Дом др Светозар Чочороски – Вевчани. Инвеститор на истиот е ЈП за државни патишта. Со изградбата на овој пат се очекува да се растерети сообраќајот низ општина Вевчани и да се овозможи побрз пристап до услугите на здравствениот дом во Вевчани.

Градежната офанзива во Вевчани продолжува!