Денес се одржа итен онлајн состанок на Општинскиот кризен штаб Вевчани посветен на актуелната состојба со ковид пандемијата во општината. Со оглед на се поголемиот број инфицирани граѓани со вирусот Ковид 19 на територијата на општина Вевчани, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните неколку заклучоци во вид на препораки:
⚠️❗Се апелира до угостителските објекти на територијата на Општина Вевчани во период од една недела доброволно да ги затворат угостителските објекти, или доколку не се во можност истото да го сторат, најстрого да ги применуваат препораките за дистанца, носење маска, дезинфекција и максимум дозволен број гости во своите локали.
⚠️❗Се апелира до маркетите и продавниците на територија на општина Вевчани најстрого да ги применуваат мерките за максимален дозволен број на купувачи кои можат во исто време да се во објектот. Обавезно дезинфицирање на влез во објектот, задолжително носење заштитна маска.
⚠️❗Се апелира до граѓаните на општина Вевчани без нужна потреба да не ги напуштаат своите домови, да не практикуваат славење на куќни слави, свадби, веридби, родендени и слични групирања во овој период се до смирување на пандемијата. Граѓаните максимално совесно да ги применуваат мерките за заштита.
⚠️❗Бараме од полицијата и инспекциските служби поревносно да ги спроведува законските мерки во однос на носење на заштитни маски, групирање и држење на социјалната дистанца.
⚠️❗Посебен акцент да се стави на проверка на луѓето кои се во изолација или се ковид позитивни, а не се придржуваат до истата. Бараме истите најстрого да се санкционираат.