Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на одпочнувањето со работа на локалниот пат “Каланој – Обиколница” за чија изградба се обезбедени средства преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) во висина од 1.430.000,00 денари. Улицата ќе биде изградена со асфалт, а со тоа ќе се реши горливиот проблем на жителите кои живеат на оваа улица. Кампањата Вевчани без кал се одвива според зацртаниот план и динамика. Вевчани во моментов е едно големо отворено градилиште каде се реализираат проектите за подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Вевчани.