Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Вевчани аплицираше со проект за „Реконструкција на локална улица „ЗЕЛЕН ПАЗАР – ТРАФО БЕБЕКОЈ“, општина Вевчани“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 08.01.2025 година официјалните веб страници на:
Општина Вевчани: www.vevcani.gov.mk
ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
МТ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на
Интернет страницата.

Известување за достапност за документи

Контролна листа зелен пазар- трафо-бебекој

Формулар за коментари