По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, упати честитка до граѓаните,
„Изминаа 79 години од историскиот ден кога започна антифашистичката борба во Македонија. Ден кога македонскиот народ повторно како многупати во историјата си ја зема судбината во свои раце влегувајќи во нерамноправна битка со далеку помоќниот фашистички окупатор, ставајќи се рамо до рамо со целиот слободарски свет на страна на антифашистичката коалиција. Денес на 11-ти Октомври, Македонија го слави државниот празник Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Денес сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои со својата борба и положени животи се вградиле во темелите на македонската државност, остварувајќи ја повеќевековната идеа на македонскиот народ за основање своја самостојна држава. Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободна, самостојна, независна и суверена Македонија.
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.“