Општина Вевчани изврши санација и реконструкција на постоечката дотраена урбана опрема во излетничко место Јанков Камен. „Ќе продолжиме да се грижиме за природата и да им овозможиме на сите посетители да уживаат во убавините на оваа прекрасна локација“ – истакна градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски
Проектот се реализира со финансиска поддршка од PONT, а целта на оваа активност беше да се обнови опремата за поголема удобност на туристите кои го посетуваат ова прекрасно природно богатство.
Со новите подобрувања, Јанков Камен ќе биде уште попривлечен за сите љубители на природата и активниот туризам!