Со претставници од АГЕЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ дискутиравме за  досегашните реализирани активности и можности за идна соработка. Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани.