Вчера, 20.07.2022 година во Мултикултурниот ценар “Коста Србакоски” беше отворена изложбата на дела од првата Детска ликовна школа “Вевчански видувања” 2022. Свое обраќање имаше организацискиот секретар на “Вевчански видувања” – Ефимија Угриновска Кукоска која се заблагодари на присутните и ја прогласи изложбата за отворена. Делата ќе бидат изложени во прекрасните галериски простории до 14 август.