ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР
бр. 10 – 66/3 од 28.02.2025 г.
Врз основа на член 93 став (1) од Законот за урбанистичко планирање (“Служен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Вевчани го објавува следното:
СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРНА ГРАДБА
Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научните и стручните организации, невладини организации и други дека се организира Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од постојна трафостаница ТС 35/110kV на КП 2788/2 КО Вевчани вон г.р., до кабелска спојница на КП 7162 КО Вевчани вон г.р., во Општина Вевчани, изработен од страна на ДПТУ “Електро Дизајн“ дооел Охрид со тех. бр. Е-225/24-уп, со кое, предложеното планско решение се става на увид и проверка на широката јавност.
Горенаведениот Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба ќе биде достапен за увид на пошироката јавност и јавно презентиран:
– во печатена форма во општинската зграда – Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, втор Кат, од 28.02.2025 год. до 15.03.2025 год., секој работен ден од 10.00 до 14.00 часот и
– во дигитална форма на ВЕБ страната на Општина Вевчани www.vevcani.gov.mk
во рок од 15 дена од денот на објавување на ова соопштение.
Заинтересираните физички лица, правни субјекти, надлежни институции, научни и стручни организации, невладини организации и други можат да достават свои забелешки, предлози и мислења на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба.
ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Градоначалник,Спасе Кочовски
Изработил:
Љупчо Мукоски, диа
Урбанистички проект вон урбанистички план за инфраструктура градба