Градоначалникот на Општина Вевчани оствари средба со преставници на СОС Детско село Скопје.
На средбата беше разговарано за проектот „Унапредување на системски недостатоци – „Поддршка на реформите во системот за заштина на деца“ како и за идните заеднички активности, подготовка за кампањата „ ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ “.
Во Четвркот 27.10.2022 година, во паркот пред општинската зграда со почеток од 10:00 часот, ќе биде организиран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Вевчани со претставување на бенефитите и фанасиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата.