Преку Good Travel Seal програмата на концептот за Green destination, три локални бизниси од Вевчани и еден туристички оператор од Охрид го поминаа процесот на известување и ревизија и се здобија со сертификати за нивниот особен придонес во развојот и промоцијата на одржливиот туризам. Сертифицираните бизниси преку Good Travel Seal платформата за одржливо патување како и преку социјалните медиуми ќе бидат промовирани помеѓу одговорни туристи од целиот свет кои бараат зелен, одржлив одмор. Исто така тие ќе бидат дел од т.н. зелени продукти кои дополнително ќе бидат промовирани и нудени на платформата Outdooractive. Сето ова ќе придонесе кон нивна поголемa видливост, промоција и социо-економски бенефит на локално ниво.
Повеќе за green destination и можноста за сертифицирање бизниси прочитајте на https://www.greendestinations.