Денес започнаа градежни активности околу пробивање, чистење и тампонирање на пристапен пат до земјоделското земјиште во м.в. Средни пат.
„Подобрувањето на инфраструктурата ни е приоритет. Целта на овие проекти е значително да се подобри и олесни животот на граѓаните на Вевчани, а со тоа ќе се овозможи и полесен пристап до нивите и другите обработливи површини“ истакна Спасе Кочовски, Градоначалник на Општина Вевчани.