На ден 09.05.2025 год.(Петок) на територијата на Општина Вевчани е предвидено да се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат бараните локации со вкупна површина од 6050 м². Третманот против ларвицидна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на гранули, за таа цел ќе се користи препаратот BIOPREN 4GR по упатство за употреба од производителот, во однос 0,3 кг/ха. Прва пролетна дератизација според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат сите предвидени локации со предвидени 30 шахти за третирање Третирањето на површините ќе биде изведено од 10:00 до 16:00 часот само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација, тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот ден или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови. |