Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики Иницијативниот одбор при општина Вевчани, распишува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

 

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Вевчани распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување (или во понатамошниот текст и само: организации или организација) кои ќе ги исполнат следните критериуми:

– Да имаат активности на територијата на Општина Вевчани;

– Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општината Вевчани и да се на возраст од 15 до 29 години.

Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните (подолунаведени задолжителни) документи на маил: [email protected]  или да ги поднесат во архивата на Општина Вевчани, со ознака „Апликација за членство во Собранието на Локалниот младински совет или Советот на млади“.

Потребни документи:

Писмо за Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.

Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади (не е задолжително)

Рокот за пријавување е од 20.06.2024 година до 25.06.2024 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Вевчани.

  • ПК Дипсакус – Вевчани, Крстан Попески,
  • Вевчанско Спортско Друштво, Ристо Димитриески
  • ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Вевчани, Љубчо Коруноски,
  • „КУД“ Дримкол – Вевчани, Кирил Бебекоски, 
  • „ЕКО-СВЕСТ“ Скопје, Дарко Ќитаноски,
  • СДММ Вевчани, Маријана Радиноска

Јавен повик за локално собрание за млади_0001